Термоелектрична централа Неготино

 

Со одлука на Влада на Р.Македонија од 19.07.2005 како правен субјект е формиран АД ТЕЦ "Неготино", во државна сопственост , Неготино. Ова друштво се формира со издвојување и основање на ново друштво за производство. Со одлука од Владата од 29.08.2005 година избрани се членови на Надзорниот и Управниот одбор кои се прикажани во менаџерскиот дел.

 

 

 

 

 

Термоелектраната "Неготино" е сместена на десниот брег на реката Вардар, на подрачјето Дуброво, осум километри низводно од градот Неготино, по кој и термоелектраната го добила името.

Од енергетски аспект електраната е добро лоцирана, а исто така е и во центарот на индустрискиот и стопанскиот басен во Република Македонија (Кавадарци, Велес, Штип) кадe што во пречник од педесетина километри се троши целата електрична енергија произведена во термоелектраната "Неготино". Електраната до конечната изградба на рафинеријата за нафта Скопје со енергетското гориво се снабдувала преку солунското пристаниште со танкери, а од таму до електраната со маршрутни возови.

Со основната концепција е предвидено електраната да се гради во две етапи.

Изградените објекти кои заеднички ќе служат за првата и втората етапа (оџак, разладен систем, стопанство за мазут, хемиска подготовка на вода, стартна котларница, работилници, лаборатории. складишта и др.) овозможуваат во следната етапа да се изгради уште еден кондензационен блок со снага до 210 МW.

Површината помеѓу реката Вардар и железничката линија Скопје-Гевгелија, каде што се сместени објектите на термоелектраната просторно овозможува изградба на енергетски извори со снага до 1000 МW.

Почетокот на изградбата на првата единица во ТЕ "Неготино" е одбележан со полагање на камен-темелник на 6 март 1975 година, а вклучена е во енергетскиот систем на Република Македонија на 10 март 1978 година.

Со завршувањето на изградбата на првата етапа од термоелектраната "Неготино" електроенергетскиот систем на Македонија и тогашна Југославија се здоби со можност за производство помеѓу 1,2 и 1,4 милијарди КWh. како и со 210 MW, максимална трајна снага.

 

  

/погледнете ја Енергетската шема на Р.Македонија и локација на ТЕЦ Неготино/

ГОРИВО

- Тешко масло за ложење (мазут): калорична вредност            9.600 Ксаlg

- Природен гас: калорична вредност

3.400 Кса/Nm3

- Рафинериски гас: калорична вредност

3.400 Ксаl/Nm3

Котлите во првиот блок можат да се ложат со мазут или природен гас до полна капацитет или во различни пропорции.

ПАРЕН КОТЕЛ

Котелот е изведен со два корпуса во "П" форма со принудна циркулација, а припаѓа на групата од типот "Рамзин" со следните карактеристики:

- Тип на котелот                         Р - 56

- Максимално производство    670 t/h

- Притисок на свежа и меѓупрегреана пареа

140/26 ата

- Температура на свежа и меѓупрегреана пареа

540/540 оС

- Температура на напојна вода 242 °С

- Степен на искористување      92 %

- Температура на воздухот на влезот во ложиштето     252 °С

- Температура на гасови на излез од котелот

141 °С

- Топлотно оптеретување на ложишниот простор                                        117.700 Ксаl/m3/h

- Потрошувачка на мазут           52.00 t/h

- Количина на бренери (горелници)   2x4

НАПОЈНИ ПУМПИ ЗА КОТЕЛСКА ВОДА

Во постројката на котелот има три напојни пумпи со електромоторен погон за напојна вода со следните карактеристики:

- Капацитет                             380 m3/h

- Притисок на напојна вода   2320 mVS

- Број на вртежи                            2900 vr/min.

- Температура на напојна вода      158 °С

- Потребна снага на номинален режим

                                                    2850 кW

- Коефициент на корисно дејство  77 %

 

- Регулација автоматска

 

ПАРНА ТУРБИНА

Турбината е едноосовинска, три-цилиндрична, кондензациона, директно споена со генераторот, со едно меѓупрегревање на пареата и седум нерегулирани одземања за регенеративно загревање на кондензатот.

·      Тип на турбината                         К-200-130-3

·      Максимална трајна снага     210 МW

·      Притисок на свежа и меѓупрегреана пареа                                            130/24,8 аtа

·      Температура на свежа и меѓупрегреана
пареа                                      535/535°С

·            Температура на разладна вода    21 °С

·      Притисок на кондензатот                        0,057 ата

·      Кондензатор: дводелен со површина
                                              
2х6590 м2

·      Количина на разладна вода        27500 m3/h

·      Број на вртежи                 3000 vr/min.

·      Гарантирана потрошувачка на топлина на турбинскиот циклус        1986 Ксаl/kWh.

ВЕНТИЛАТОРИ

За извршување на принудната циркулација во системот на котелот монтирани се следните вентилатори:

ПОТИСЕН ВЕНТИЛАТОР -центрифугален тип ВДН-32 Б со следните карактеристики:

·      Капацитет                         600.000 m3/h

·      Манометарски притисок 614 mmVS

·      Број на вртежи                  590/740 vr/min

·      Степен на искористување           86 %

 

УСИСЕН ВЕНТИЛАТОР  - центрифугален тип ДПД-28,5 гм со следните карактеристики:

·      Капацитет                         680.000 m3/h

·      Манометарски притисок             523 mmVS

·      Број на вртежи                  595 vr/min.

·      Стeпeн на искористување                       82%

 

Вентилатор за рециркулација на димните гасови тип ВГД 15,5 у со следните карактеристики:

·      Капацитет                                     140.000 м3/h

·      Манометарски иритисок             147 mmVS

·      Број на вртежи                  140 vr/min.

·      Степен на искористување           61%

 

Вентилатор за воздушна циркулација тип ВГД 15,5 у со следните карактеристики:

·      Капацитет                         140.000 m3/h

·      Манометарски притисок 181 mmVS

·      Број на вртeжи                  1000 vr/min.

·      Степен на искористување           63%

 

 

ДОСТАВА И ПОДГОТОВКА НА ГОРИВО СТОПАНСТВО ЗА МАЗУТ

Мазутот се доставува од рафинеријата во земјата и странство со железнички вагон-цистерни директно на истечувалиштето на термоелектраната.

Пристигнатиот мазут преку истечувалиштето за мазут се складира во три резервоари од по 20.000 м3 со помош на пет пумпи чиј капацитет е 1000 м3 на час и манометарски притисок од 50 mVS, вртeжите на овие пумпи изнесуваат 1470 vr./min.

Во резервоарите мазутот се одржува на 60-90°С, а од нив со пумпи од I и II степен чиј капацитст изнесува 75 m3/h и температура од 125°С и притисок од 40 ата се праќа во системот за напојување со мазут во котелот.

КРАНОВИ

·      Мостен електричен кран во машинската сала: распон 43 метри и носивост 80/20 и 3 х 5 тона.

·      Електричен полуконзолен кран на РВП со носивост од 20 тони.

·      Осум кранови со носивост од 10 тони и тоа за: пумпна станица за разладна вода, магазин за тешки делови и четири кранови за опслужување на потисните вентилатори. два крана за пумпите за хемиско промивање и уште 35 други кранови и дигалки од помала носивост.

ПОМОШЕН ПАРЕН КОТЕЛ

За стартување на главниот погонски објект во кругот на електраната се инсталирани два помошни парни котла тип ГМ-14 со по четири бренери (горелници)

·      Ложење мазут

·      Капацитет на котелот                  2 х 50 t/h

·      Температура на прегреана пареа            250°С

·      Температура на заситена пареа   194°С

·      Притисок на пареа во барабанот            16 аtа

·      Притисок на пареа на излез од барабанот 14 аtа

·      Температура на напојна вода      105°С

БЛОК ТРАНСФОРМАТОР

·      Тип и врска:                      ТDС 250.000 кVA/110 kV

·      Номинална снага:             250.000 кVА

·      Преносен однос:   15,75 / 121 kV

·      Слој на намотките:           уd - 5

·      Напон на куса врска:        10,1%

·      Ладење: принудна циркулација на маслото
ладено со принудна циркулација на воздух

ТУРБОГЕНЕРАТОР

·      Номинална снага: 210.000 кW (247.000 кVА)

·      Напон на статорот:           15,75 +- 5% кV

·      Номинална струја на статорот:9050 А

·      Врска: двојна ѕвезда

·      Фактор на снага:               0,85

·      Број на вртежи:                 3000 vr/min.

·      Степен на корисно дејство          98,6%

·      Дозволена максимална температура на статорот и роторот:                           105/100 оС

·      Ладење: водород ладен со вода         4 ата

·      Класа на изолацијата на статорот и роторот: "Б"

·      Напон и струја на возбудата:   420В/1930 А

·      Врска на возбуда: основна - тиристорска, резервна - моторгенераторска


 

ВРСКА ГЕНЕРАТОР – БЛОК -  ТРАНСФОРМАТОР

Изведена е со оклопни алуминиумски проводници за напон 15,75 кV и струја 9.200 А со вградени струјни и напонски мерни трансформатори, раставувач за заземјување и изведен отцеп до трансформаторот за сопствени потреби на блокот за струја од 2000 А.

ПОСТРОЈКА 110 кV

Постројката е сочинета од две "продолжени" далекуводни полиња од трафостаницата "Неготино" 380/110 kV. Преку двете полиња се поврзуваат блок трансформаторот и резервниот трансформатор за сопствени потреби на 110 кV собирници во ТС "Неготино" 380/110 А.

Применета опрема:

·          Напонско ниво на опремата: 110 кV

·          Прекинувачи: малкумаслен со електромоторен погон за 2000 А, 7.500 МVА.

·          Раставувачи: трополни окретни со електромоторен погон и ножови за заземјување.

·          Заштита на постројката: дифeренцијална и резeрвно исклучување на прекинувачот 110 kV во ТС 380/110 кV "Неготино".

ДАЛЕКУВОДНИ ВРСКИ

·          Врска на блок трансформаторот со ТС "Неготино": 3 х (2 х 490) Ал-че, 110 кV на челични столбови.

·          Врска на резервниот трансформатор за сопствени потреби со ТС "Неготино" : 3 х 240 mm2

·          Алче, 110 кV на челични столбови.

 


СОПСТВЕНА ПОТРОШУВАЧКА

Сопствена потрошувачка во електраната се обезбедува со електрична енергија преку трансформаторот за сопствена потрошувачка на блокот и резервниот транформатор приклучен на постројката од 110 кV во ТС 380/110 кV "Нeготино".

Трансформатор за сопствена потрошувачка на блокот:

·      Тип:            ТРДНС                       25000/35

·      Номинална снага: 25 000/12 000/12 500 kVА

·      Преносен однос:   15,75 ± 8 х 1,5 % / 6,3 / 6,3 кV

·      Група на врската:                         D / do / do

·      Напон на куса врска:                9,21 / 9,18 %

·      Ладење: присилна циркулација на воздух.

Резервен трансформатор:

·      Тип:                        ТРДН - 32000/110, тронамотаен, регулационен, маслен,

·      Номинална снага: 32 000/16 000/16 000 кVА

·      Преносeн однос:               115 ± 8 х 1,5 % / 6,3 / 6,3 кV

·      Група на врската:  уо / d5 / d5

·      Напон на куса врска:        9,38 / 9,48 %

·      Ладење:                  присилна циркулација на воздух.

РАЗВОДНА ПОСТРОЈКА 6кV

Се напојува од трансформатор за сопствена потреба на блокот 25 МVА, односно резревниот трансформатор за сопствена потреба од 32 МVА преку оклопени алуминиски собирници.

Изведена е од самопостоечки   оклопени лимени
6 кV ќелии со единечно секциониран систем на собирници. Вкупен број на ќелии 47, служи за напојување на поголемите 6 кV електромотори и трансформаторите 6/0,4 кV.

ПОСТРОЈКА 0,4кV

Се напојува преку суви трансформатори 6/04 кV со следните карактеристики:

·          Тип                      ТСЗС- 1000/10

·          Номинална снага:           1000кVA

·          Преносен однос:             6,3 ± 2 х 4 % / 0,4 кV

·          Група на врската:            D/у5

·          Напон на куса врска       7,65 %

·          Ладење:   природна циркулација на воздух

·          Вкупен број на суви трансформатори: седум и два маслени со следните карактеристики:

 

Ø      Тип:                 7524-1000 ("Минел")

Ø      Номинална снага:      1000 кVА

Ø      Прeносeн однос:        6,3 / 0,4 кV

Ø      Група на врската:       D/у5

Ø      Напон на куса врска: 5,7 %

Ø      Ладeње:           природна циркулација на воздух

Критичните потрошувачи се поврзани на посебна секција 0,4 кV која во случај на снемувањс на напон може да се напојува со автоматско вклучување на дизел агрегатот со снага од 180 kW / 250 кVA.

ПОСТРОЈКА ЗА ЕДНОСМЕРЕН НАПОН 220 V

Се состои од една акумулаторска батерија, направа за полнење, контрола и развод на сдносмерната струја:

·          Капацитeт на батеријата:  864 Аh

·          Број на eлeмeнтитe:            130

·          Полнeњe: агрeгат со снага од 55 кW за брзо полнeње и исправувач од 40-80 А за постојано полнење

·        Развод: 10 слободно стоечки ќелии.

 

ЕЛЕКТРОМОТОРИ 6 кV

·        Напојни пумпи:               3 х 4000 кV

·        Пумпи за разладна вода  2 х 1000 кW

·        Потисни вентилатори    2 х 1250 кW

·        Усисни вентилатори                  2 х 1250 кW

·        Вентилатори за рециркулација 2 х 16 kW

·        Кондензантни пумпи                 2 х 250 kW

·        Возбудувач                       1 х 1100 kW

·        Маслена пумпа                190 kW

·        Мазутна пумпа од втор степен  3 х 200 кW

РЕГУЛАЦИЈА

 

Автоматската регулација е остварена врз база на електронско-транзисторен систем "Каскад". Овој регулационен систем формира закон на регулирање, управува со извршниот механизам и остварува корекција. Во состав на системот "Каскад" влегуваат аналогни, релејни и регулациони блокови. Излезниот систем од аналогно регулационите блокови е унифициран во опсег 0-5 БМА. Овие блокови го формираат ПИД законот и работат заедно со електрични извршни органи "Аналогни засилувачи на снага" или со корекционите регулатори во каскадната шема за регулација.

Во термоелектраната се вградени 148 регулациони круга кои овозможуваат автоматска, технолошка регулација на основните параметри.

ТЕХНОЛОШКИ МЕРЕЊА

Во системот на технолошки мерења се употребени електронски мерни инструменти со висока класа на точност, кои овозможуваат мерење и регистрирање на технолошките параметри. Во процент на мерење фигурираат следните параметри со број на мерни места:

·        Температура со 897 мерни места

·        Притисок со 1043 мерни места

·        Ниво со 157 мерни места

·        Проток со 159 мерни места

За квалитетно водење на хемискиот процес се вградени автоматски хемиски анализатори за следните мерни величини: Ѕi, O2,
PH
фактор, електропроводност О2, и СО + Н2.

 

ТЕХНОЛОШКА ЗАШТИТА И СИГНАЛИЗАЦИЈА

Технолошката заштита е реализирана врз база на релејната техника која обезбедува заштита на опремата при хаварија и при недозволени величини на основните параметри во технолошкиот процес.

Промените на параметрите се регистрираат со светлосен звук-сигнал.

ПРИРОДЕН ГАС

Гасна редукциона станица за притисок од 5/1 до 1,5 кр/см2 во три колони.

- Капацитет на колоните           30.000 m3/h

СИСТЕМ ЗА ЛАДЕЊЕ

Ладењето е проточно со две пумпи за блокот, со подеслив агол на работните лопатки.

- Тип на пумпите                          ОПВ - 110

- Капацитет на секоја пумпа                   11500 - 19800 m3/h

- Манометарски притисок           11,5 - 13 mVS

- Број на вртежи                           500 vr./min

ХЕМИСКА ПОДГОТОВКА НА ВОДА

Сирова вода се зема од бунарите кои се наоѓаат на левиот брег од реката Вардар.

·        Загуби на вода во циклусот до

·        Капацитет на декарбонизација

·        Капацитет на деминерализација

·        Спремници за чист кондензат

 

 

ОТСОЛУВАЊЕ НА КОНДЕНЗАТОТ

Целокупниот кондензат се отпремува во уредот за отсолување на кондензатот.

Постројката за отсолување на кондензатот е со производен капацитет од 380 t/h, а се состои од јонски изменувачи.

Во првата етапа кондензатот минува низ механички филтри со капацитет од 450 t/h, а наполнети со јонска маса од типот вофатит VЅ - 100.

Во втората етапа кондензатот минува низ филтри на смешано дејство со производност од 300 t/h, а наполнет со јонска маса од типот вофатит V -РЅ - МВ и ЅВW - МВ.

СТОПАНСТВО ЗА МАСЛО

Преку централната станица за масло се врши складирање, достава и враќање на турбинското и трансформаторското масло со прочистување. Станицата за масло има 2x4 резервоара од по 50 т3. Преточувањето се врши со пумпи чиј капацитет е 18 m3/h, а манометарски притисок од 360 mVS. Во системот на станицата за масло постојат и центрифугални пречистувачи чиј капацитет е 3000 l/h чија намена е да го филтрираат искористеното масло од системот.

ПРЕЧИСТУВАЊЕ НА ОТПАДНИТЕ ВОДИ

 

       Станицата за пречистување на отпадните води се состои од следните постројки:

·      Постројка за неутрализација и деконтаминација на промивните води од регенеративните греачи на воздух (РВП) на котлите.

·      Постројка за неутрализација и деконтаминација на водите од промивање после хемиското пречистување на опремата.

·      Постројка за пречисгување на водите загнасени со продукти од нафта.

·      Постројка за пречистување на фекалните отпадни води.

·      Водите од миењето после хемиско чистење како и водите по промивката на греачите на воздухот (РВП) се испраќаат во пречистувачки уреди каде се собираат во резервоарите -отстојници 2 х 5000 м3

Од резервоарите - опстојници со пумпи се исфрлаат во резервоарите неутрализатори кои имаат волумен V = 400 м3 каде се врши неутрализација со додаток на NaОН.

За мешање и разматување на талогот се користи компримиран воздух.

Бистрите неутрализирани води се префрлуваат во резервоарот V - 200 м3 за повторно користење и миење на РВП, додека талогот од резервоарите неутрализатори се префрла на филтер преса од каде безводниот талог се пакува во вреќи и се складира. За собирање на филтратот после филтер-пресата поставен е резервоар со V = 14 мЗ од кој со помош на пумпа повторно се префрла во резервоарите-неутрализатори.

- Водите загнасени со продукти од нафта се пречистуваат преку посебна постројка која се состои од приемни резервоари, направи за одвојување на
нафта - мазут од вода, резервоар за собирање на мазутот од кој со пумпи повторно се враќа во резервоарите за мазут. Останатиот дел од загнасената вода со мали количини на мазут поминува низ систем од филтри, механички филтри исполнети со кварцен песок и апсорпциони филтри исполнети со активен јаглен каде се апсорбираат
преостанатите количини на мазут, нафта и масло.

Прочистените води можат да се испуштат по реката Вардар или во резервоарот за промивање на РВП

- Постројката за пречистување на фекално- отпадните води се состои од приемен резервоар од каде со пумпи се префрлаат со посебен резервоар
(аеротенк) каде под дејство на микроби се разложуваат, од таму со додаток на хлорен вар се врши потполно разложување и како такви се испуштаат во р. Вардар.

 

 

ТЕЛЕКОМУНИКАЦИЈА

За обезбедување на сигурни и квалитетни врски за пренос на информации е монтирана следната опрема:

·        Телемерење на активна, реактивна енергија и напон, тип на направата УНИМЕР 6 1.

·        Радио врски со далечински центар во Скопје, радио станица на ултра кратки бранови тип ЦОФ - 612.

·        Високо фрeквентна врска по далноводите.

·        Телефонска централа тип РАВХ 300 С со приклучок на ЕАТЦ со две попречни врски.

ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКЦИИ

Главен погонски објект

Корисна површина на главниот погонски објект

·        Машинска сала               66 х 45 m

·        Деареација со команда  72 х 12 m

·        Котларница                    42 х 30 m

        Машинската сала со деаeрација и командата е изведена како рам челична конструкција со распони 12 и 45 m и растојание меѓу рамовите од
6м. Спратните плочи и платоата изведени се армирано-бетонски на челични греди. Фасадата и кровот затворени се со дурисол плочи.

        Конструкцијата на котларницата е изведена од челичен скелет, потпрена на крутата котловска конструкција по висина, како и на армирано-бетонскитс темели.

        Фасадата е затворена со брановиден салонит, а кровот со дурисол плочи.

        Вкупна тежина на носивите челични конструкции изнсува 3800 t.

        Фундаментот на турбогенераторот е поставен на армирано-бетонска плоча со дебелина од 1,8 м. која се потпира на 10 бунара-шипа со пречник од 3м. спуштени до цврста подлога за сса 9м. длабочина и заполнети со бетон.

ОБЈЕКТИ ЗА СНАБДУВАЊЕ СО РАЗЛАДНА ВОДА

·        Успорна градба

     Успорната градба е изградена во минор коритото на реката Вардар. Со неа се регулира нивото на водата во реката узводно од брзината. Објектот е асимстричен.

          Вкупната должина изнесува 178,00 m. од кои 72,00 т. е бетонски преливен праг, а 106,00 m. се шест преливни полиња меѓусебно разделени со шест армирано-бетонски столбови. Преливните полиња се опремени со сегментни затворачи на хидрауличен погон.

          Апсолутната кота на фундирање на успорната градба е 103,7 m., кота на праговите на сегментните затворувачи е 106,20, а кота на преливниот праг 109,00 м.

          Длабината на водата пред сегментните затворувачи изнесува 3,00 м., а вишокот на вода се испушта под затворувачите или се прелива преку преливниот праг.

          На кота 115,00 поставени се погоните и движните механизми за хидромеханичка опрема, а изведен е и челичен опслужен — пешачки мост по целата должина на објектот. Вкупната тежина на вградената хидромеханичка опрема и конструкции изнесува 586 тона.

·        Зафатна градба

          Зафатната градба и доводниот канал чинат една целина. Објектот е димензиониран и изграден да зафаќа 18,00 m3/ѕ вода. Влезот на зафатната градба подигнат е од дното на реката за 1,70 м. и заштитен со челични решетки. Со тоа се препречува навлегување на влечен нанос и разни предмети кои пливаат во системот за ладење.

          Доводниот канал има трапезен профил со ширина во дното од 20,00 м. и должина од 80,00 м. Со армирано-бетонско платно поделен е на две засебни комори кои можат да работат одвоено.

          Брзината на водата во доводниот канал изнесува 0,35 м./ѕ и на тој начин се остварува таложење на честички поголеми од 0,1 мм.

·      Пумпна станица за разладна вода

          Пумпната станица за разладна вода во основа има димензии 18 х 17 м. со длабина на фундирање од 13,00 м. Објектот е изграден за вградувањс на четири пумпи.

          Технолошка, противпожарна и санитарна вода се добива од систем на 10 бунари изградени на левиот брег на реката Вардар.

 

ОДВОДЕН КАНАЛ

Загреанитс води од термоелектраната се испуштаат во одводен канал. На почетокот во должина од 117 m. каналот се води подземно, а дел од 270,00 м. е отворен со трапезна форма се до вливот во река Вардар.

ОЏАК

     Оџакот е изведен со следните димензии:

·      дијаметар во основа   14,00 м.

·      дијаметар на врвот     5,80 м.

·      висина                          160,00 м.

     Оџакот е армирано-бетонски, во цилиндрична форма. По типот е индустриско-киселински обложен од внатрешна страна со слој на тули отпорни на киселини, со слој на термичка изолациона маса, како и премаз отпорен на киселини.

Оџакот е фундиран на 8 бунари со пречник од три метри спуштени за сса 9 м., односно до цврста подлога.

ГЛАВНИ ИСПОРАЧАТЕЛИ НА ОПРЕМАТА

"Технопромекспорт" - Москва

"Метална" - Марибор, хидромеханичка опрема на зафатот на река Вардар

 

ПРОЕКТАНТИ

"Мотеп" - Москва, Русија
"Хидроелектропроект" - Скопје
"Електропроект" - Загреб
"ИПЗ" - Загреб

"Проектантско биро на ЖТП" -Скопје

НОСТРИФИКАЦИЈА НА ПРОЕКТИТЕ

Проектите изработени во странство прегледани се и усогласени со нашите прописи: Архитектонско-градежен факултет - Скопје за градежнитс објекти

Електромашински факултет - Скопје за проектите од областа на машинските и електричните работи, како и мерење и регулација

ИЗВЕДУВАЧИ НА РАБОТИТЕ

МОНТАЖНИ РАБОТИ

"Монтинг" - Загреб, во соработка со АТМ -Загреб, "Енергомонт" - Скопје, "Текол" - Марибор

"Електромонтажа" - Охрид, "Метална" -Марибор - монтажа на хидромеханичка опрема на успорната градба на реката Вардар.

ГРАДЕЖНИ РАБОТИ

"Пелагонија" - Скопје, комплет сите градежни работи на термоелектраната.

"Црнотревец" - Београд, изведба на оџакот

Геолошки завод - Скопје, ги водеше истражните работи и локацијата

ТЕХНОЛОШКИ И ГРАДЕЖНИ КОНТРОЛИ

Институтот за заварување - Београд, технолошки контроли, лабораториски контроли за металите и заварени слоеви. Институт за испитување на материјали - Скопје, градежни контроли на квалитетот на градежни материјали, лабораториски контроли на градежните материјали со рецептура.

Машински факултет - Скопје - гарантни и нормативни испитувања на блокот во соработка со Рударски институт - Београд - Земун.

КОМЕРЦИЈАЛНИ РАБОТИ

"Вардар" увоз-извоз - Комерцијални работи при договарање и увоз на опремата од странство како и набавка на домашна опрема и материјали.

ТРАНСПОРТ

"Фершпед" - Скопје

"Војводина" - Меѓународна шпедиција за транспорт на статорот со генераторот и блок-трансформаторот

"Вардар" - Меѓународна шпедиција - Скопје транспорт на вонгабаритни делови.

ФИНАНСИРАЊЕ

Стопанска банка - Скопје

ИНВЕСТИТОР

"Електростопанство" - Скопје, Организација за изградба на термоелектрана "Неготино" -Дуброво, Неготино

"Електростопанство" - Претпријатие за производство и пренос на електрична енергија

Скопје, ул. "Тиранска" бр. 2 со организации во состав

ООЗТ "Мавровски хидроелектрани" Гостивар

ООЗТ ХЕ "Глобочица" - Струга

ООЗТ ХЕ "Шпилје" - Дебар

ООЗТ ХЕ "Тиквеш" - Кавадарци

ООЗТ ХЕ "Калиманци" - Делчево

ООЗТ "Електропренос" - Скопје

Работна организација во основање Т.Е. и рудник "Осломеј" - Кичево

Работна организација во основање Т.Е. и рудник "Битола" - Суводол

Работна заедница "Заеднички служби" - Скопје