Новости

с. Дуброво
1440 Неготино

Лиценца

Напишано од goran
Категорија:

Заеднички состанок на Управните одбори на АД ТЕЦ Неготино и АД ЕСМ

 

Денес, во просториите на АД ТЕЦ Неготино се одржа заеднички состанок на Управните одбори на АД ТЕЦ Неготино и АД ЕСМ. Се разговараше за актуелните состојби во енергетскиот систем и процесот на производство на електрична енергија во АД ТЕЦ Неготино.

Во продолжение дел од изјавата на Генералниот директор на АД ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ.

 "Сакам веднаш да искажам голема благодарност до раководството на АД ЕСМ, за поддршката која ни ја даваат во овој процес на рестарт на АД ТЕЦ Неготино. Наоѓајќи се во глобална енергетска криза, која неминовно ја зафати и нашата земја, ТЕЦ Неготино се исправи пред предизвикот за производство на електрична енергија, по пауза од 12 години. Денес особено е голема важноста на домашното производство на електрична енергија.

Веќе знаете дека ТЕЦ Неготино последен пат произведувал електрична енергија во 2009 година.

Тоа што денес можам да го истакнам, а веќе и го имам искомуницирано со медиумите е дека ТЕЦ Неготино веќе десеттина дена произведува електрична енергија, и тоа околу 2.000.000 киловат часови дневно. Сакам да изразам благодарност кон сите вработени во АД ТЕЦ Неготино за нивната ангажираност во овој процес, која е особено важно имајќи ја во предвид застареноста на опремата која ја поседуваме.

             Денес изразувам искрена надеж дека ќе продолжи нашата соработка со АД ЕСМ, во насока на исполнување на договорот за деловно техничка соработка кој го имме. Очекувам АД ТЕЦ Неготино да ги произведе потребните количини на електрична енергија."

 

ИЗЈАВА: УВИД ВО РАБОТЕЊЕТО НА ТЕЦ НЕГОТИНО 

 


Прес 28.12.2021